Мијатовиќ: Зидан е виновен за елиминацијата на Реал Мадрид!

Фото: EPA/José Huesca

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ знае како да ја освои Лигата на шампионите, откако ја врати европската круна на „Сантијаго Бернабеу“ по 32 години.

Тој исто така знае кој е виновен за елиминацијата на „кралскиот клуб“ во полуфиналето од Челси. Поранешниот југословенски репрезентативец ја префрла вината на Зинедин Зидан и не е единствениот, повеќето од поранешните играчи на Реал се согласуваат со него.

– Челзи беше супериорен во секој поглед: интензитет, ритам, создавање шанси. Го сакаме Зидан, тој направи многу работи, но овојпат направи сè погрешно – рече Мијатовиќ, кој кратко ја извршуваше функцијата спортски директор во Реал.

Поранешниот играч, тренер и екс играч на Реал, Хорхе Валдано, кого го нарекуваа „филозоф на фудбалот“, го опиша настапот на Реал.

– Реал синоќа не заслужи ништо, дури ни малку среќа. Тие беа поразени од супериорен и поагресивен противник. Немаше шанси ниту да се случи чудо. „Болеста“ на Реал, така да се каже, е што тие немаат доволно голови во тимот – вели Валдано.

ВИДЕО: Англиско финале во ЛШ, Челси си закажа дуел за трофејот со Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот