ВИДЕО: Англиско финале во ЛШ, Челси си закажа дуел за трофејот со Манчестер сити

epa09179833 Mason Mount (bottom facing) of Chelsea celebrates with teammates after scoring the 2-0 during the UEFA Champions League semi final, second leg soccer match between Chelsea FC and Real Madrid in London, Britain, 05 May 2021. EPA-EFE/Neil Hall

Челси и Манчестер сити ќе играат во големото финале во Лигата на шампионите кое е закажано за 29. мај во Истанбул.

Екипата на Челси е вториот финалист во Лигата на шампионите откако во реванш полуфиналниот дуел со Реал Мадрид славеше со 2:0 и со вкупен резултат 3:1 си закажа битка за трофејот со големиот конкурент од Премиер лигата, Манчестер сити.
По пауза од две години, во финалето во ЛШ повторно ќе играат две англиски екипи, Челси и Манчестер сити.
Челси во реваншот со Реал Мадрид го направи тоа што го пропушти во првиот натпревар, ги искористи своите шанси и дојде до сигурен триумф.
Челси фуриозно го започна натпреварот, доминираше на теренот и во 18. минута постигна гол преку Тимо Вернер, кој беше поништен поради офсајд.
Реал се закани преку Карим Бензема но неговиот шут го одбрани Менди во 26. минута, по што две минути подоцна Вернер го најави пласманот во финалето.  Одличната акција на Челси имаше можност да ја круниса Каи Хаверц, но неговиот шут заврши во пречката, за до одбиената топка да дојде Вернер и да му донесе водство на својот тим.


Од тие моменти, „сините“ им ја дадоа топката на „кралевите“, а тие преку опасни контранапади се закануваа кон голот на Тибо Куртоа. Притоа не дозволија иограчите на Реал Мадрид да направат ниту една посериозна шанса.
Во второто полувреме играчите на Челси имаа неколку одлични шанси но Хаверц и Канте не беа прецизни, за пласманот во финалето да биде потврден во самиот финиш кога во 85 минута, Пулишиќ одлично го пронајде Мејсон Маунт на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Челси на 29 мај ќе има шанса да дојде до вториот трофеј во ЛШ, додека Манчестер сити ќе го игра своето прво финале во елитното клупско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот