Мијалков си го бара пасошот за да се лекува во странство
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, пишува дневниот весник „Независен“.
Препорачано
Според информации на „Независен“, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.
Специјалното јавно обвинителство испратило негативен одговор до Кривичниот суд, односно обвинителката која го води случајот, Фатиме Фетаи, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот, а мислењето оттаму било потпишано од шефицата Катица Јанева или од нејзините заменички.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
13час
-
14час
-
15час
-
16час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4


