Мицотакис: Со сертификатот за вакцинација не сакаме граѓаните да ги поделиме на две категории

Она што заеднички договорениот, стандарден дигитален сертификат за вакцинација ќе го понуди е сигурност, дозволувајќи им на граѓаните да патуваат ослободени од ограничувањата на карантинот, откако ќе бидат вакцинирани, пишува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата колумна за „Euractiv и „Das Morning Briefing” посветена на предлогот на Грција за заеднички европски стандардизиран сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакнува дека не станува збор за „пасош заснован на вакцинација” и целта не е да ја ограничи можноста на граѓаните да патуваат, туку е за проширување на слободата на движење.

-Граѓаните разумно ќе се запрашаат дали овој сертификат би можел да доведе до некаков вид ограничување на нашата слобода да патуваме. Не, такво нешто нема да се случи. Не треба сертификатот за вакцинација да го мешаме со туристички пасош. Нашата цел не е да ги поделиме Европејците на две категории, оние кои се вакцинирани и оние кои не се вакцинирани. Напротив, сакаме да создадеме брза лента на движење за патувањата (fast travel lane) за оние кои го имаат овој дигитален, стандардизиран сертификат, пишува Мицотакис.

Прочитајте и...  Кипар ја симнува тајната за сопствениците на фирмите

Дополнително, објаснува дека оние кои што сакаат да патуваат, а го немаат сертификатот, ќе можат да патуваат но под постоечките правила, како што се задолжителен негативен ПЦР тест пред тргнувањето, рапид тест при пристигнувањето и карантин каде што е потребно.

-Преку воведување во цела ЕУ на еден заеднички договорен и стандардизиран, стандарден дигитален сертификат за вакцинација, ќе можеме повторно да го отвориме, да ги заживееме туризмот и рекреацијата и да им овозможиме на (европските) граѓани слободно и без ограничувања да се движат од една во друга земја, пишува грчкиот премиер во неговата колумна за „Euractiv” и „Das Morning Briefing”.

За грчкиот предлог за заеднички, стандардизиран и европски сертификат за вакцинација, ќе се разговара вечерва на Самитот на ЕУ, додека пак портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на редовниот брифинг со новинарите рече дека засега, реакциите се позитивни и изрази надеж дека идејата на Грција ќе биде прифатена.

Прочитајте и...  Бајден ја потпиша уредбата за олеснување на гласањето

-Според мене, тоа е нешто што неизбежно ќе го најдеме пред нас. Не говориме за пасош. Бидејќи пасошот обврзан си да го имаш. Ние говориме за сертификат кој некој го има за да може да ги намали бирократските процедури како што е ковид тест пред пристигнувањето или карантин по пристигнувањето во некоја земја. Овие работи сакаме да ги намалиме, рече Тарандилис и ја остави отворена можноста грчкиот предлог да се воведе на билатерално ниво со други земји, особено во пресрет на летото.

Извор:МИА

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар