Мицкоски: Ќе бараме надзорна расправа за Еуростандард, за злоупотреба на европските фондови, за тренинг на магариња

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Крајна цел на протестите е оваа власт, која не нуди ништо и ја води државата во амбис, што побрзо да падне. И во ваква ситуација немаме ни минута повеќе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Еден од легитимните начини, според него, се протести на улица, вториот начин е парламентот.

– Таму во парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор. Ќе имаме многу предлози, еве да најавам ексклузивно ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, туку и за Еуростандард банка, потоа за злоупотреба на европските фондови, како случаите со берберницата, за тренинг на магариња“, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на фактот дека конкретно за струјата покачувањето ќе биде и поголемо.

– Власта нè уверува дека имаме најниска цена во регионот. Тоа не е точно затоа што ако ја споредите во киловат час што ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа. ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да понуди подобро општество отколку ова што денеска е реалност, истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот