Христијан Мицкоски на предизборен митинг во Кичево / Фото: Фејсбук

Мицкоски во Кичево повика сите да се обединат околу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од партиски митинг во Кичево повика сите жители на градот, без оглед на нивните различности, да се обединат и во недела да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Александар Јовановски. Мицкоски рече дека „единството и поддршката на граѓаните покажале дека може да се совлада и помногуброен противник“.

„Затоа е многу важно на 2 ноември во недела да се обединиме овде во Кичево, без разлика на нашите различности, без разлика дали тие различности се етнички, верски или политички. Многу е важно да бидеме како едно, да се обединиме околу вредностите коишто ги споделуваме, да се обединиме околу цивилизацијата што ја застапуваме. Затоа што јас сум убеден дека противкандидатот на Александар не ги споделува нашите вредности, не ја споделува нашата цивилизација“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Јовановски, за разлика од противкандидатот, е противник на „криминал, блуд, разврат и уцени“, алудирајќи на обвинувањата против кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари.

„Дали вие сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени? Дали сакате Кичево да биде домаќин на блуд, разврат, криминал и уцени? Заборавете на етничката припадност, сетете се на вашите ќерки, на вашите внуки, дека некоја од нив може да биде жртва на овој човек. Затоа, кога ќе го имате пенкалото во рака, верувајте во вредности, не во басни, не во приказни. Заборавете на нешто што некој ви кажува дека се случило пред 4, 5, 6 децении, верувајте на оние коишто ви кажуваат што ќе се случува за четири, пет децении од денес. Заборавете на оние романтични приказни што некој ви ги кажува за некое измислено минато коешто никогаш не се случило. Верувајте на иднината којашто сите ние заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати ќе ја градиме. Тоа е иднината на Македонија“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот