Мицкоски: Луѓето ја имаат судбината во свои раце

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денот на изборите/ Фото Facebook Hristijan Mickoski

Лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека тој денеска го искористи своето право на глас, повикувајќи ги граѓаните да го направат истото.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце. Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем“ напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој смета дека без разлика за кого луѓето го дале својот глас, тие ја имаат неговата почит, и им се заблагодари за тоа што денеска го реализирале и го оствариле своето граѓанско право со тоа што излегле на избори.

„Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност“ додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот