„Метла” од Голден стејт за Портланд (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Екипата на Голден стејт ќе игра во големото финале на НБА-лигата откако рано утрово го победи Портланд на негов терен со 119:117. До триумфот „воините” дојдоа по продолжение од пет минути, бидејќи мечот во основите 48 минути заврши нерешено 111:111.

Најзаслужен за триумфот на гостите беше Стеф Кари со трипл-дабл ефект – 37 поени, 11 асистенции и 13 скока.

Финалната серија во Западната конференција заврши со „чисти” 4-0 за Голден стејт.

Противник на актуелниот шампион во борбата за трофејот ќе биде поуспешниот од финалето на Истокот каде во моментов Милвоки води против Торонто со 2-1 во серијата прв до четири победи.

https://www.youtube.com/watch?v=TuE9PqCu6U0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот