Металург се откажа од настап во ракометната Лига на Европа

фото: РК Металург

Раководството на тимот од Автокоманда одлучи да не учествува следната натпреварувачка сезона 2021/2022 на меѓународната сцена.

Металург нема да настапува во Лигата на Европа, второто по квалитет ракометно клупско натпреварување на Стариот континент, после Лигата на шампионите.

Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) побараа депозит од 50.000 евра кој моментно не е во состојба клубот да го уплати. Скопските „сино-бели“ сиот фокус ќе го имаат во домашното првенство, а воедно и можност да се средат долговите кон играчите.

Металург предводен од тренерот Иван Марковски своите подготовки за новата сезона ќе ги започне на 26 јули. Годинава Марковски потпиша договор според кој уште три години ќе го води клубот, а десното хрватско крило Златко Хорват уште две години.

Исто така браќата близнаци Кевин и Оливие Њокас од Франција станаа официјално дел од клубот со потпишан договор на две години.

Искусниот голман Даниел Дупјачанец ќе остане уште две години, потоа Костадин Петров се врати во тимот на пикерската позиција, пикерот Милан Лазаревски го продолжи договорот, младиот голман Димитар Бардаковски од Е. Пелистер се согласи за четиригодишна соработка, а нов играч е и Бобан Каковски, средниот бек кој доаѓа од Голден Арт КЛ7.

Металург го потпиша Бобан Каковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот