Металург поразен од Чеховски Медведи
Металург на оваа средба настапи без повредениот Реваз Чантурија но и и без кадетските репрезентативци Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ и Дарко Кондев.
Тимот од Автокоманда солидно го почна овој натпревар и во 13. минута дојде до три голови предност (3:6), но, двете исклучувања ја сменија сликата на теренот и рускиот тим направиј серија од 4:0 со која ја врати резултатската неизвесност. До крајот на полувремето, руските ракометари со нова серија од 4:0 успеаја да дојдат до 13:10.
Во второто полувреме, Чеховски Медведи, ја искористи поголемата ротација но и тоа што веќе одиграа неколку натпревари со германски екипи и успеа да оствари висока победа од 33:23. Најпрецизен беше Поповиќ со осум постигнати голови, а Танковски даде пет голови.
Следен противник за Металург е тимот на Мешков Брест, а натпреварот се игра утре (14 ч.).