Металург аплицира за вајлд-кард за настап во ЛШ
В четврток истекува крајниот рок за аплицирање. Со тоа Металург ќе се обиде да го сочува континуитетот во настапите во најсилното ракометно натпреварување, каде непрекинато настапува во последните осум сезони.
ЕХФ ги има етаблирано осумте критериуми за добивање на вајлд-картата и тие се:
1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија
Тимот од Автокоманда го исполнува најголемиот дел од овие критериуми, а во поглед на организацијата на вакви натпревари има огромно искуство и најдобри оценки од страна на ЕХФ.
Наскоро ќе бидат објавени сите апликанти за вајлд-карта, а добитниците на истата ќе се знаат на 25 јуни.
Инаку, Металург има загарантиран настап во ЕХФ Купот, како освојувач на Купот на Македонија.