Мета со апел до политичарите во Албанија: Алармот е вклучен, престанете со депопулација на земјата

Мета вели дека вистинскиот ризик во Албанија е иселувањето, и поради тоа бара од политичарите да воспостават дијалог. 

Претедателот на Албанија, Илир Мета, на својот Фејсбук профил посочи дека според него најголем проблем во државата моментално е иселувањето на жителите.

Осврнувајќи се на неодамнешните случувања,  во врска со судскиот процес кој се води против шефот на опозицијата, Лулзим Баша за руското лобирање, Мета вели дека „вистинскиот ризик во Албанија е иселувањето, и поради тоа бара од политичарите да воспостават дијалог“.

„Алармот е вклучен! Престанете со депопулацијата на Албанија! Ова е „вистинскиот руски ризик“ кој и се заканува на земјата! Ова е најголемиот предизвик кој и се заканува на земјата, а кој итно бара дијалог, решение и враќање на надежта на сите Албанци! Девата услови на Бундестагот се патоказот за европска Албанија! Сега е време! Не може да има Албанија без албанци“, напишал Мета на фејсбук.

Според ИНСТАТ, во текот на 2018 година мигрирале над 38 илјади Албанци. Во периодот од 2011 до 2017 година од земјата се иселиле 333 илјади лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот