Мета: Ако Рама добие 71 мандат на изборите, без да влијае врз гласањето, ќе дадам оставка и одам во опозиција

Илир Мета. / Фото: МИА

Албанскиот претседател Илир Мета најави оставка на оваа функција, доколку премиерот Еди Рама на парламентарните избори на 25 април добие 71 мандат, без да влијае на гласањето. Според Мета, доколку Рама победи, тој ќе поднесе оставка на 26 април и преминува во опозиција.

– Во оваа земја Бог е народот на Албанија, точка! Ако добие Еди Рама 71 мандат, јас ќе поднесам оставка на 26 април, тоа е она што ќе го сторам, како што направи Рамиз Алија. Ако добие 71мандат, без да влијае на гласот на народот, јас ќе поднесам оставка и ќе се префрлам во опозиција и ќе го преземам водството на опозицијата затоа што ја почитувам демократијата. Но, ако Рама влијае на слободниот глас на Албанците, тука завршува историјата, изјави Мета во гостување на Њуз 24.

Тој се потсетува и на времето кога како студент изегол на големите протести.

– Бев студент во декември и излегов на протест со голема опасност, не знаевме што ќе се случи со мене и со другите. Размислувавме каде ќе не однесат, во Спач или на друго место, кога не ставија во комбиња. Рамиз Алија беше човек кој се повика на умот и немаше толку лошо затворање. Јас верувам во слободно гласање и демократија, нагласи Мета.

Според него две работи се деградирани, поради што земјата е толку уназадена.

– Тука сме затоа што не ја покажавме нашата почит кон самите нас и нашиот глас, втората е дека толериравме непочитување на Уставот и ова доведе до оваа ситуација, државата да ни биде заробена, додаде Мета.

Тој им порача на лидерите на политичките партии да го остават народот гласот да го даде според сопствено убедување на слободни и фер избори и ги предупреди да не се обидуваат да купуваат гласови, зашто, како што рече за еден купен глас ќе се сече една рака на плоштадот Скендербег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот