Меси: Немаме право на грешка, секој натпревар за нас е финале

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Вечерва Аргентина славеше победа против Мексико од 2:0 со која остана во игра за пласман во осминафиналето.

И во оваа победа на „Гаучосите“ голема улога одигра Лионел Меси кој го постигна првиот гол. Меси со мала мајсторија по додавањето од Ди Марија во 61. минута го отвори резултатот. Во финишот од средбата Енцо Фернандез само го потврди триумфот.

По натпреварот Меси порача дека на секој натпревар Аргентинците гледаат како на финале.

„Не се предавме. Немаме право на грешка и секој натпревар за нас е финале. Сепак, мислам дека сме обединети како група и веруваме дека можеме многу заедно. Првиот натпревар многу не чинеше, но влијае многу фактори. Тоа е сега зад нас, знаевме дека вечерва мораме да победиме“, изјави Меси по натпреварот.

Во последното коло Аргентина ќе игра против Полска и со победа во тој натпревар Аргентинците сигурно продолжуваат во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот