Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

EPA-EFE/R. GARCIA

Фудбалерите на Барселона со 0:1 го совладаа Ваљадолид во рамките на 36. коло до Ла Лига и ја продолжија трката за титулата.

На две кола до крајот на сезоната во Ла Лига, Барселона има само еден помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку од големиот ривал.

Голот вреден три бода и продолжување на битката за титулата го постигна Артуро Видал, но ѕвезда на натпреварот е Лионел Меси. Аргентинецот во 15. минута му асистираше на Видал при постугнувањето на голот и стана првиот фудбалер во историјата на Ла Лига кој во една сезона имал најмалку по 20 голови и асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот