Меси и Гвардиола донираа по милион евра за борбата против коронавирусот

твитер

Поранешниот играч и тренер на Барселона, Пеп Гвардиола и сегашната прва ѕвезда на тимот, Лионел Меси, се вклучија во борбата против пандемијата на коронавирусот и донираа по милион евра.

Меси најголен дел од парите ги донира на болница во Барселона за која во најскоро се време се очекува да биде набавена дополнителна медицинска опрема, како и сите неопходни препарати и материјали за заштита од пандемијата на коронавирусот.


Останатиот дел од парите ќе бидат донирани на разни болници во родната Аргентина.

Актуелниот тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, донираше милион евра на каталонски фонд што ќе изврши набавка на медицинска опрема.

Според пријатели на Гвардиола, со парите биде купена заштитна опрема, маски, очила, ракавици и дезинфекциски средства, како и голем број на респиратори кои ќе помогнат да се спасат животите на многу луѓе кои се заболени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот