Меркел ќе им се обрати на Германците- ќе ги информира за вистинската состојба околу коронавирусот

Тое е првпат во последните 14 години, колку што Меркел е на власт да и се обрати на нацијата, а тоа да не е новогодишно обраќање.

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва ќе и се обрати на нацијата преку телевизија, но не се очекува да најави понатамошни рестрикции покрај постоечките мерки, објави германската телевизија АРД.

Телевизијата повикувајќи се на владини извори наведе дека Меркел преку снимено обраќање сака да ги извести Германците каква е состојбата во земјата и да потсети што треба да прават за да помогнат за забавување на ширењето на новиот коронавирус,

Тое е првпат во последните 14 години, колку што Меркел е на власт да и се обрати на нацијата, а тоа да не е новогодишно обраќање.

Германската Влада ги советуваше 16 региони да ги затворат училиштата и градинките до велигденските празници. Продавниците, освен супермаркетите, пекарите, аптеките, банките и другите клучни компании се затворени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот