„Мењам козу“: Најдоброто од „Еден на Еден“ овој викенд! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Најинтересните и најгледните скечеви од Жаре и од екипата на Еден на Еден, ќе ги гледаме во специјалната „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Мењам козу“, „Јамб коцки со Жарко коцкица“, „Што ако се снимаа во Македонија“, „Во тангентата со Жарко Збрефтов“ , „Неделко Миленко шоу“ се дел од нив, некои постари, некои понови.

Фото: Промо

Поради новонастанатата состојба со опасноста од ширењето на коронавирусот, претходните две емисии, Жаре ги сними од дома, едната со познати естрадни личности, едната со еминетни доктори.

Во недела, Еден на Еден ќе понуди многу смеење за добро расположение што на сите ни е  потребно во овој период.

Погледнете ја најавата што открива дел од емисијата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот