Мемоарите на починатиот генерален менаџер Краус ја откриваат вистинската причина за распадот на Чикаго

Уште пред почетокот на сезоната 1997/98 кошаркарите на Чикаго булс знаеја дека тоа ќе им биде последната заедничка сезона, а токму поради тоа и документарниот филм на ЕСПН го доби името „Последниот танц“ чие емитување заврши викендов со прикажувањето на последните деветта и десета епизода.

Темата на „Последниот танц“ е шампионската генерација на Чикаго и кариерата на Мајкл Џордан во „биковите“, и во филмот како главен виновник за распадот на тимот е окарактеризиран тогашниот генерален менаџер, Џери Краус, која во 2017 година почина.

Токму негови се заслугите на доаѓањето на Мајкл Џордан, Скоти Пипен како и на Тони Кукоч во Чикаго булс, како и на тренерот Фил Џексон, но беше познат како тежок преговарач и многумина токму него го обвинуваат зашто „биковите“ останаа на шест шампионски титули, а згора на тоа се распадна за многумина најдобриот тим во историјата на НБА.

Но, Краус по повлекувањето од НБА пишуваше мемоари кои не успеа да ги доврши пред смртта. Неговите забелешки беа тргнати на страна и се чини дека никогаш немаше да се објават доколку не се појавеше „Последниот танц“ каде Краус е прикажан како главниот негативец. Поради тоа семејството на Краус, мемоарите му ги предаде на новинарот К.С. Џонсон кој на телевизијата Ен-Би-Си спортс објавуваше делови од нив.


На денот на емитувањето на последната епизода од „Последниот танц“, новинарот Џонсон ги објави деловите во мемоарите во кои Краус открива како се распадна шампионската генерација.

„Ене го Џери Краус, човекот кој ја распадна шампионската династија. Ене го Џери Краус, човекот со големо его кој сакаше да изгради шампионски тим без Мајкл Џордан и Фил Џексон, тоа е човекот кој мислеше дека е поважен од играчите и тренерот.

Постојано читав вакви коментари во медиумите, и можете да бидете сигурни дека имаше уште илјадници слични коментари за кои не знаев. Додека го читате ова, никој освен сопственикот Џери Реинсдорф, јас и уште неколку луѓе од организацијата на Чикаго не знае што се случи по освојувањето на шесте титули во осум сезони.

Дали ја распаднавме екипата за да го задоволиме нашето его и победувале без тие кошаркари и тренер? Дали навистина мислите дека луѓето кои работеа на тоа постојано да победуваме се толку глупави и да дозволат еговото да ги запре на патот кон новите победи. Годините почнаа да го стигнуваат Денис Родман, Лук Лонгли беше неподвижен, а ние како шампиони на НБА драфтот биравме како последни и немаше шанси да дојдеме до екстра квалитетен играч, како што ни се посреќи во 1990 година со изборот на Тони Кукоч.

Но, навивачите мислеа дека Мајкл Џордан може се да направи сам, или заедно со Пипен за кого забораваат дека во последните две години имаше две операции. Го имаме најдобриот тренер, Фил Џексон за кој јавноста не знае дека не сакаше да ја води екипата во реконструкција и пред сезоната ни кажа дека ќе замине во Монтана и дека ќе земе одмор на една година.

Сега ќе ве однесам на местото на кое никој не бил освен ние малкумината, на состанокот во јули 1998 година на кој бевме Џери Реинсдор, јас, мојот асистент Џим Стак, Ал Вермеил, клупските лекари и хирурзи, потпретседателот за финансии Ирвин Мејдел и Карен Стак. Вермеил знаеше се за здравствената состојба на кошаркарите и од него баравме да ни достави и писмен извештај. За Фил знаевме дека си заминува бидејќи ни кажа осум месеци порано.

Првото прашање кое го поставив беше, уште колку можеме да извлечеме од Лук Лонгли, а лекарите ми рекоа дека набрзо буквално ќе се распадне.
Следно прашање: Родман бидејќи сите се плашеа од неговиот приватен живот кој штетно влијаеше на неговото тело и последната сезона едвај на одигра.

Ок, немаме центар и немаме крилен центар, а многу малку простор во селари капот. Кој ќе го брани рекетот кога ќе се вратат Џордан и Пипен, кој ќе скока по топките?

Потоа дојде на ред Пипен. Скоти имаше две тешки операции во последните две сезони иако не сакаше да не послуша и втората да ја направи порано. Со право бараше да биде платен како суперѕвезда. Дали беше вредно да се ризикува со него кога немавме центар и крилен центар, искрено се сомневам.

Нашите резервни играчи имаа далеку подобри понуди од другите екипи и беше нормално дека ќе си заминат, додека Џордан претходно ни најави дека нема шанси да игра за друг тренер освен за Фил.

Сега ставете се во нашата позиција и што вие би направиле, дали ние ја распаднавме династијата или играчите веќе беа потрошени и не можеа да го даваат на теренот тоа што даваа претходните сезони.

Во тоа лето дојде и локдаунот во НБА, не се играше кошарка со наредната година, а згора на тоа ни се влошија работите. Мајкл Џордан го исече прстот на сечач за цигари и поради тоа не можеше да игра цела година. Но, Мајкл беше фер и ни кажа за ваквата состојба, исто така не сакаше да игра за екипа која тргна во реконструкција и во која го нема Фил на клупата.
Пред крајот на локдаунот, ни се јави агентот на Скоти и не замоли да му направиме услуга што и го сторивме.

Направивме „потпис и размена“ со Хјустон со што Скоти доби 20 милиони долари повеќе отколку да потпишеше директно со Хјустон. Ова беше еден вид на подарок за разделба од мене и од Џери Реинсдорф. Потоа ги повикав Стив Кер и Џад Бучлер на кои им реков дека немаме пари за нов договор и доколку пристигне некоја понуда за нив да ја прифатат.
Еве, ова е вистината за распадот на Чикаго“, пишува во мемоарите на Џери Краус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот