МЕЛАНИЈА ТРАМП Е МИСТЕРИЈА ЗА ЈАВНОСТА: Цело време e зафатена, а никој не знае што работи

Фото: Профимедиа

Меланија Трамп ја отвори својата кампања „Be Best“ во Њујорк, каде присуствуваше за да го проследи говорот на својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп. Таа повторно не одговараше на прашања на медиумите, кои можеа да слушнат само делови од тоа што го зборуваше. Ова веќе е рутина за првата дама, која речиси секојдневно се појавува во јавноста, но зборува многу малку или воопшто не зборува, пишува „Експрес.хр“.

Така беше и на државната вечера за австралискиот премиер Скот Морисон, за која Доналд рече дека Меланија ја испланирала – каде што исто така не зборуваше.

Се фотографира како стои, убава, уредна и насмеана, често опкружена со мали деца, но вистинското прашање е – што всушност таа работи, зошто позира, зад што стои?, се прашуваат многумина.

Аналитичарите велат дека тоа веројатно е „проба“ за претседателската кампања за изборите во САД во 2020 година.

– Таа треба да биде присутна во јавноста, да се наметнува со својата присутност и да го гради својот имиџ, а судејќи по неодамнешните појавувања секако изгледа дека се тестира како јавноста ја прифаќа и секако задолжените се обидуваат да ја направат што посимпатична – вели Лиса М. Брнс, комуниколог од универзитетот „Квинипиак“.

Последното нешто што Меланија го направи во кампањата во 2016 година беше говорот на конвенцијата на републиканци, кога беше обвинета за плагијат на говорот на Мишел Обама, за што потоа јавноста ја исмеја.

Две години подоцна не беше со својот сопруг за време на неговите митинзи, но овој јуни на првиот митинг во Орландо за изборната 2020 година таа беше до Доналд.

Како што објаснува Брнс и други кои го следат распоредот на првата дама, таквите појавувања во јавноста се добра пракса за Меланија. Анкетите покажуваат дека е најпопуларна личност меѓу сите „играчи“ на Трамп, вклучувајќи го и потпретседателот Пенс, а таа е попопуларна и од сите други членови од семејството на претседателот, пишува „Вашингтон пост“.

– За разлика од Иванка, изгледа дека Меланија не се смета за толку контроверзен лик поради тоа што не преземала работа во американската администрација, а со одвојувањето од другите членови во Белата куќа собира поени на картата дека е аполитична – смета Лорен А. Рајт, стручна соработничка во политичките истражувања на универзитетот „Принстон“.

Всушност, интересно е да се напомене дека Меланија е многу поактивна во однос на првата година на мандатот на својот сопруг. Прашањето е зошто?

– За сите нас кои ја следиме првата дама, беше потешко (за разлика од претходните први дами) да процениме што таа всушност работи. Понекогаш изгледа дека за тоа што го прави нема ниту смисла, ниту причина – вечи Мира Гутин, професорка за комуникации на универзитетот „Ридер“.

Така Меланија за време на цела 2017 година одржа само осум јавни говори, додека Мишел Обама имаше 74, а Лора Буш 42 во првите години на мандатот на сопругот-претседател.

– Тоа дефинитивно ја класификува за титулата на најмалку активна прва дама по Бес Труман, па ја враќа и улогата на сопруга на претседател на ниво од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, велат експертите.

И со толку малку изговорени зборови и појавувања во јавноста, секогаш кога ќе се појави низ вратата, тоа е вест. Фотографиите од Меланија вредат илјада зборови, без разлика дали и се допаѓа или не, бидејќи сликата е единственото што го дава. Вест е облеката која ја носи, а не тоа што го мисли, пишува „Експрес“.

Многу е повнимателна од нејзиниот сопруг на социјалните мрежи, а првата дама неодамна пишуваше на Твитер за опасностите од електронските цигари. Иако јавно не зборуваше за тоа прашање, таа седеше во Округлата канцеларија во Белата куќа, климајќи потврдно со главата, додека претседателот Трамп се обврза дека ќе ги забрани е-цигарите.

Јавен дебакл беше и обидот за сечење на црвената лента на отворањето на споменикот на Вашингтон кој беше реставриран три години – кога ножичките не соработуваа со неа, а ветерот и беше прв непријател. Во помош и стигна нејзиниот тим, а ситуацијата беше навистина непријатна.

Во тие стиуации, вест речиси секогаш станува тоа што Меланија го носи – штикли од 1000 долари, здолниште од 4000 долари, и се додека сади дрвја или сече ленти. Вреди да се спомене и озлогласената јакна со натписот „не ми е гајле“ за време на посетата на центарот за задржување деца-мигранти во Тексас.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот