Меланија го освои Лондон: Мораме да смислиме нов збор за стилот на оваа дама! (ФОТО)

profimedia

Меланија Трамп совршено се подготвила за своето доаѓање во Велика Британија во рамките на државната посета на американскиот претседател на оваа земја, кога го напушти Вашингтон во фустан инспириран од Лондон.

Иако американскиот претседател и првата дама уште во неделата се пристигнати во Лондон, сепак не можевме а да не го прикажеме овој нејзин совршен моден избор кој го искористи за пат накај Лондон.

Првата дама одеше во тревникот на Белата куќа во прекрасниот Гучи фустан, прекриен со слики со знаменитостите на британската престолнина, како Биг бен и зградата на парламентот.

profimedia

Овој прекрасен фустан содржи портокалови и зелени нијанси, а на себе имаше и зелен појас. Меланија одлично го искомбинира овој фустан со високи потпетици во кремаста боја, а нејзината коса имаше нежни бранови и одлична елегантна шминка.

Доналд и Меланија Трамп во неделата пристигнаа во Лондон, каде веќе ја остварија и средбата со Кралицата Елизабета II.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот