Меган Маркл прогласена за највлијателна модна икона за 2019! (ГАЛЕРИЈА) – Слободен печат
ЖенаМагазин

Меган Маркл прогласена за највлијателна модна икона за 2019! (ГАЛЕРИЈА)

Продажбата на парчињата облека што ги носела војвотката скокнала за повеќе од 200 проценти.

Меган Маркл е прогласен за највлијателна модна икона, прескокнувајќи ги Кајли Џенер и Карди Би, кои досега се наоѓаа на врвот на оваа листа.

Воедно таа е единствената членка на кралското семејство која некогаш се нашла меѓу првите десет места на познатата листа на сајтот Lyst Index.

При изборот предвид е земено за колку проценти скокнала продажбата на облеката откако познатите жени ја носеле.

Во случајот на Меган Маркл, тој процент изнесува неверојатни 216 проценти.

Минатата година Меган на оваа листа го зазема третото место, а Кејт Мидлтон годинава не успеа да се пробие меѓу првите десет.

Во галеријата погледнете неколку од модните комбинации на Меган Маркл.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close