Меџити: Нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил, со име и со презиме треба да се знае кој се огрешил за Онкологија

Фатмир Меџити - поранешен министер за здраство / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.

– Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За се друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред се, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, се што имаме информација да споделиме, рече Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма.

Во однос на ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити инстакнал дека веднаш се преземени мерки и е постапено брзо и квалитетно.

Тој изјави дека проектот за централизација на Клиниката за радиологија е во финална фаза, а целта е, како што се наведува, пациентите да добијат подобри услови за лекување и третирање.

 

Големината на скандалот Онкологија е 30 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот