МВР треба да ја организира екстрадицијата на Палчо

Осомничениот Љупчо Палевски - Палчо со убиените Вања и Панче / Фото Колаж на СП / Социјални мрежи

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо е почната, а Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај, информира Министерството за внатрешни работи, кое вакво задолжение добило од Јавното обвинителство.

Од таму додаваат дека организацијата е веќе започната и во координација со турската полиција се преземаат мерки за обезбедување на лицето во Македонија.

Турските власти денеска известија дека е дозолена екстрадицијата на Палчо, лицето кое во Македонија е осомничено за две убиства.

„Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување“, се вели во соопштението на ЈО.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница.

Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, односно за две кривични дела „грабнување“ и две кривични дела „убиство на свиреп начин“.

За соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Александар Ѓурчевски минатата недела беше пуштен во домашен притвор по барање на неговиот адвокат кој тврдеше дека во досегашната истрага против него не се обезбедени никакви докази кои го поврзуваат со делото.

На Ѓорчевски му беше одземен телефонот за вештачење, а тој им го откри и пинот со цел надлежните да продолжат со истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот