Мицковски-Меџити-рамковен договор/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Меџити контра Мицкоски – не остава простор да има предвремени парламентарни избори

Вицепремиерот, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, беше прашан од новинарите дали може да има предвремени парламентарни избори по локалните избори.

Тој беше дециден дека неговиот фокус останува на локалните избори и дека сите шпекулации за предвремени парламентарни избори се неосновани.

„Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе одиме на парламентарни избори. Мислам дека кога овие луѓе од АКИ ќе ги видат резултатите од локалните избори, ќе заборават на парламентарните избори. Значи, сега сме фокусирани на локалните избори, Владата има легитимитет, има бројки, има задачи пред себе, има програма пред себе и нема потреба да правиме дополнителни трошоци за предвремени парламентарни избори. Изборите ќе бидат регуларни кога ќе бидат закажани“, рече Меџити.

Неговата изјава е во спротивност на онаа на Христијан Мицкоски од пред два дена, во која премиерот не ја исклучи можноста по локалните, да има и предвремени парламентарни избори.

Неговата изјава доаѓа во време кога шпекулациите за предвремени парламентарни избори беа тема на дискусија во јавноста, но Меџити подвлече дека приоритет останува конкретната работа за граѓаните и исполнувањето на сите обврски преземени кон нив.

Притисок ќе има, предвремени – којзнае!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот