Медведев против Синер за титулата на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Ги дознавме финалистите и во машка конкуренција на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн, тие се Јаник Синер и Данил Медведев.

Италијанецот Синер го обезбеди своето прво грен слем финале во кариерата откако го совлада најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Втор финалист е Данил Медведев кој по пресврт со 3:2 во сетови триумфираше против Александар Зверев од Германија.

Првите два сета ги освои Зверев со 7:5 и 6:3, па следуваше израмнување, Медведев ги доби и третиот и четвртиот сет во тај-брејк.

Во решавачкиот петти сет иако Зверев водеше со 1:0 и 2:1 во гемови, Русинот беше посмирен со сигурни поени и на крајот славеше со 6:3.

По трет пат во својата кариера Медведев ќе игра финале на „Австралија опен“, во 2021 и 2022 година претрпе порази од Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Женското финале во Мелбурн ќе се игра в сабота од 09.30 часот по македонско време меѓу Чинвен Женг од Кина и Арина Сабаленка од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот