МЕДОКС НА СТУДИИ, БРЕД ГО НЕМА: Анџелина едвај ги задржа солзите (ВИДЕО)

анџелина џоли
Фото Профимедиа

Најстариот посвоен син на Анџелина Џоли, Медокс Џоли Пит заминува на студии во Сеул, на престижен државен универзитет.

Актерката разделбата со своето прво дете ја поднесе тешко, но е исклучително среќна и горда со Медокс.

За потсетување, во 2002 година Енџи во Камбоџа го посвои тогаш седуммесечниот Медокс, заедно со тогашниот сопруг Били Боб Торнтон. Но, после формалностите, таа всушност го посвои сама и го одгледуваше како самохрана мајка, по разводот од Били Боб.

По стапувањето во брак, Бред Пит ги призна како свои сите посвоени деца на Анџелина. Медокс самиот го избрал универзитетот на кој ќе студира.

„Се обидувам да не се расплачам, денес тој заминува“, изјавила Анџелина Џоли за медиумите кои биле присутни на испраќањето на Медокс.

Сепак, она што сите го забележале е дека Бред Пит не дошол на аеродромот за да го испрати својот син и да му посака среќа во новото животно поглавје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот