„Мечот на деценијата“: Во продажба билетите за хуманитарно ракометно музичкиот настан

фото: Ракометна федерација на Македонија

Билетите за нашиот голем хуманитарен ракометно музички настан (СЦ „Борис Трајковски – Скопје, 3 јануари, 19.00 часот) се веќе во продажба преку МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.

Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев.

Приходите од продажба на билетите ќе бидат наменети за СОС Детско село.

Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.

Претходно Ракометната федерација на Македонија објави кои ракометни имиња ќе бидат дел овој несекојдневен спортски спектакл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот