Мбапе вреди 200 милиони евра, за Перез нема проблем, нека „пукне“ светски рекорд! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ова веќе не е нешто ново, Килијан Мбапе повторно се поврзува со Реал Мадрид, звучи интересно, но колку е можно да се реализира овој трансфер?

Францускиот интернационалец сака да го напушти составот на ПСЖ со кој има договор до 30 јуни 2022 година и неговата сегашна вредност според „Трансфермаркт“ е 200 милиони евра.

Странските медиуми скоро секојдневно го позврзуваат 21-годишниот напаѓач со Реал Мадрид, но се поставува прашање колку е можно да направи трансфер на „Сантјаго Бернабеу“?

Својата кариера ја започна во Монако со кој еднаш беше шампион на Франција во 2017, па наредните две години истот го направи и со ПСЖ, но дефинитивно еден од најдобрите светски напаѓачи има капацитет да го „лови“ и трофејот во Лигата на шампионите.

Можно е тоа да го направи сезонава со париските „светци“ кои успеаја да го елинираат германскиот претставник Борусија Дортмунд и се пласираат меѓу најдобрите осум во ЛШ.

Со репрезентацијата на Франција пред две години ја освои светската титула, а од 2018 досега има 51 гол во 49 натпревари.

Сè зависи од амбициите на самиот фудбалер, доколку и оваа сезона ПСЖ не успее да дојде до европскиот трофеј, тогаш сериозно ќе размисли Мбапе дали ќе остане во Париз и само ќе се радува на домашни титули во Франција или ќе направи поголем чекор во својата кариера.

Шпанските медиуми пренесуваат информација дека Реал Мадрид е подготвен да го надмине рекордот на Нејмар, кој беше поставен во 2017, кога од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

„Кралевите“ се спремни да одвојат дури 250 милиони евра. Шпанците ја следат неговата одлична статистика во ЛШ, на седум мечеви запиша пет погодоци.

Воедно се шпекулира дека Французите веќе бараат негова замена, а како главен кандидат се наведува Ријад Марез. Алжирецот е пред разделба со Манчестер сити, играчот изрази незадоволство поради минутажата која ја добива од Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот