Мбапе нема да го продолжи договорот со ПСЖ

Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Репрезентативецот на Франција, Мбапе дојде во ПСЖ од редовите на Монако пред две години, а до сега постигна 60 гола во 87 натпревари.

Мбапе и покрај таквиот учинок почувствува дека тимот не ги остварува главните цели, како на пример освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Освен Нејмар кој се очекува да се врати во Шпанија, сега уште една ѕвезда е пред излезните врати на „светците“. Како што пренесува „Марка“, Мбапе нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Се шпекулира дека можно е францускиот репрезентативец да направи трансфер во шпански Реал Мадрид.

Но, медиумите на Пиринеите тврдат дека летово овој трансфер во „кралскиот клуб” не може да се случи, но во идното Реал ќе ја исфорсира трансакцијата, без разлика колку пари ќе сака ПСЖ.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи се довери пред неколку дена дека Мбапе не се продава и тој ќе ги испочитува преостанатите три години од договорот кој го има со клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот