МАТТО ќе ја поттикнува билатералната трговија со Турција

Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, истакна дека билатерална трговска размена со Турција, јануари-ноември 2019, изнесува 404.230 илјади американски долари.

Поголемо влијание врз деловната и инвстициска клима и поддршка на унапредување на трговската размена со Република Турција и привлкување турските инвеститори, ќе биде приориет на Стопанската комора Македонија – Tурција МАТТО, e содржано во програмата што е изгласана денеска на годишното Собрание.

Претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, истакна дека билатерална трговска размена со Турција, јануари-ноември 2019, изнесува 404.230 илјади американски долари и е за 3,3 отсто во однос на истиот период лани.

Тој оцени дека најверојатно ќе се надмине вредноста од претходната година кога изнесуваше 524 милиони американски долари.

-Потикнување на билатералната трговија би требало да биде наш фокус оваа година. Минатата година имавме шест коморски посети од Турција, споивме 97 турски компании со 40 македонски, 13 македонски фирми ги однесовме во Коџаели за Б2Б средби, а 37 турските компании и шст макдонски побараа поддршка од МАТТО да ги развијат своите бизниси со Македонија – односно Турција. Нашиот веб сајтот беше посетен 25.000 пати. Се ова е база од која може да се развие соработка во текот на оваа и идната година, истакна во своето обраќање Адемоски.

Тој нагласи дека Народната банка прогнозира раст од 3,8 отсто, меѓународните институции предвидуваат помалку, помеѓу 3,4 отсто и три отсто, а се тоа упатува на тоа дека не се наѕира раст кој би значел поголом развој на економијата.

-Очекуваме идната Влада да направи суштински поместувања во економската сфера, како што е поддршка на либерализација на регионалната трговија и создавање заеднички пазар кој би можел да биде чинител во меѓународна трговија – во смисла на големина, непречен транзит, искористување на природните ресурси, отворање нови и зајакнување на постоечките бизниси, а со тоа ќе се и задржи населението. Проактивност во смисла на поддршка на овие процеси ќе биде од корист за самите нас, но и за општеството, нагласи претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот