МАСОВНИ АПСЕЊА ПОРАДИ ЛАЖНИ БРАКОВИ ВО АМЕРИКА: Од 50.000 до 70.000 долари се плаќало за договарање на измами! (ВИДЕО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Властите на Америка уапсиле 50 лица, кои се осомничени дека биле поврзани со голема уиграна шема за склопување на лажни бракови, чија цел е заобиколување на имиграциските закони, пренесуваат американските медиуми.

Во обвинението е наведено дека измамите биле правени ширум американската сојузна држава Тексас, а во тоа учествувале локални жители и државјани на Виетнам, пренесува „Глас на Америка“.

Како што е наведено, државјани на Виетнам, со цел стекнување на статус на постојани жители во САД, плаќале помеѓу 50.000 и 70.000 долари на организација, која ја водело лице под име Ешли Јен Нгијен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот