Масовна тепачка за автобуски линии во Украина, неколку завршија во болница, некои во полиција (ВИДЕО)

Најмалку две лица се ранети од огнено оружје, 21 приведени објави во соопштението министерот за внатрешни работи.

Околу стотина мажи учестувале денеска во масовна тепачка во градот Бровари на северот од Украина, што веројатно е поврзано со правата на автобуските компании на лукративна автобуска линија, објавија властите.

Вооружени мажи кои наводни ги најмил транспортниот сектор пристигнале со автобуси во Бровари од Винице и Киев, рече министерот за внатрешни работи Арсен Аваков на состанокот со претседателот Володимир Зеленски.

Се верува дека тепачката поврзана со „коруптивни договори на тендерите за доделување на автобуски линии“, рече Аваков, а соопшти канцеларијата на украинскиот претседател.

Зеленски рече дека тепачката потсетува на хаосот од 90-тите по распадот на Советскиот Сојуз.

„Ова што се случи не е улична тепачка. Ова потсетува на 90-тите“, рече тој.

Аваков рече дека во тепачката е користена ловечка пушка, додека три лица се хоспитализирани.

Најмалку две лица се ранети од огнено оружје, објави во соопштението министерот за внатрешни работи.

21 лице се наоѓаат во притвор, наведе министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот