Маск: Тесла пак ќе прима биткоини кога за нивно извлекување ќе треба помалку загадување на околината

Илон Маск / EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повторно ќе почне да прифаќа биткоини како средство за плаќање кога „копањето“ на нив ќе помалку ќе ја загадува околината. Тоа го објави шефот на компанијата, мултимилјардерот Илон Маск.

Маск на Твитер напиша дека Тесла повторно ќе почне да прифаќа биткоини кога ќе се потврди дека околу половина од електричната енергија за нивно извлекување доаѓа од чисти извори, со тенденција да се зголеми овој удел.

Компанијата предизвика сензација во февруари кога објави дека ќе започне да прифаќа биткоин како платежно средство – нешто што стана реалност кон крајот на март. Сепак, само неколку недели подоцна, Елон Маск направи пресврт тврдејќи дека е потребно да се заштити животната средина.

Најпопуларната криптовалута се добива од моќни компјутери што трошат огромни количини електрична енергија. Вредноста на биткоинот денеска порасна за околу 10 проценти – на над 39 100 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот