Марко Блажевски со нов апсолутен рекорд на Македонија (ВИДЕО)

Фото: facebook/boro.blazevski

Во дисциплината 100 метри градно во квалификациите од патеката 4 успеа да постигне време од 1:02.88 минута на меѓународниот пливачки турнир „Бања Лука Опен 2019“ во Босна и Херцеговина.

Тоа беше воедно најдобар резултат на членот на пливачкиот клуб „Вардар“ од Скопје во таа дисциплина, турнирот, дури за нешто повеќе од две секунди побрзо од второпласираниот.

Принтскрин/live.swimrankings.net

Без сомнение се очекува и медал, а зошто да не и негов нов рекорд во истата дисциплина од нашиот Блажевски пред денешното финале на 100 метри градно кое треба да се одржи во 17:15 часот како што најавуваат организаторите.

Претходниот рекорд кој исто така беше во негова сопственост, остварен лани на квалификациите од Зимскиот национален шампионат во Гринсборо (САД) беше 1:03.05 мин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот