„МАРКА“: Македонскиот „дијамант“ треба да блесне и во ЛШ! (ФОТО)

marca.com

Според последните информации македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се очекува на клупата да биде за првиот натпревар на Наполи во Лигата на шампионите вечерва од 21.00 часот против бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Ливерпул.

Шансата ќе ја чека како резерва, иако е познато дека тренерот Карло Анчелоти има голема доверба во еден од нашите најголеми фудбалски таленти, па можно е вечерва да дебитира во ЛШ на „Сан Паоло“ токму против „црвените“ на Јирген Клоп.

Непосредно пред стартот на новата сезона во елитното фудбалско натпреварување, шпанската „Марка“ состави листа од 10 млади, но сеуште анонимни играчи од кои се очекува да блеснат во Лигата на шампионите, а помеѓу нив е и нашиот фудбалски „Дијамант“.

-Дани Олмо (Динамо Загреб)
-Јаниас Хаџи (Генк)
-Елиф Елмас (Наполи)
-Доминик Шобошлаи (Салцбург)
-Ибрахима Конате (Лајпциг)
-Лисандро Мартинез (Ајакс)
-Маркос Антонио (Шахтјор Доњецк)
-Ерлинг Браут Хааланд (Салцбург)
-Оливер Скип (Тотенхем)
-Алекс Мерет (Наполи)

Еве што вели шпанската „Марка“ за нашиот интернационалец Елиф Елмас:

„Македонецот пристигна во Наполи ова лето од Фенербахче за 16 милиони евра. Може да игра во средниот ред или како крило. Добро соработува со останатите соиграчи, може да се покаже и како „дриблер“. Еден комплетен играч, а знае да придонесе и во делот на одбраната. Постигна четири голови минатата сезона во турската лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот