„Марка“: Дајте му ја златната топка на Меси (ФОТО)

EPA-EFE/Alberto Estevez

Лионел Меси со прикажаната игра против Ливерпул уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Аргентнецот постигна два гола, а вториот кој го постигна од слободен удар претставуваше ремек дело, беше воедно и 600. негов гол во кариерата.

Комплиментите за прикажаната игра не престануваат ниту денеска, нема ниту еден релевантен спортски весник или магазин кој не е воодушевен од играта на Аргентинецот. Интерсно е што весникот „Марка“ кој е наклонет кон Реал Мадрид, порача дека златната топка за 2019 година уште денеска треба да му се додели на Лионел Меси.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот