Марк Ентони објави фотка со Џенифер Лопез и нивната ќерка: Пејачот напиша коментар со кој ќе ве „купи“ (ФОТО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Многумина ќе се согласат со тоа дека Марк Ентони (51) и Џенифер Лопез (50) се можеби најдобриот пример како поранешни сопружници треба да се однесуваат по разводот, што се покажа по кој знае кој пат.

Иако двајцата тргнаа по некои патишта и се скрасија покрај нив со нови партнери, славните Џеј Ло и Марк Ентони засекогаш ќе ги врзуваат близнаците кои ги добија од десетегодишниот брак, Еме и Макс.

Џеј Ло сега ужива покрај вереникот Алекс Родриг, заедно со неговите две ќерки и тие се вистинско шестчлено семејство, но честопати објавува фотки и со својот поранешен сопруг и близнаците.

Од друга страна, Марк во вторникот објави преслатка фотка на која позира тој, Џенифер и нивната ќерка Еме, која ги држи двајцата за рака додека оди на училиште.

 

View this post on Instagram

 

Nothing but love between us. @jlo

A post shared by Marc Anthony (@marcanthony) on

Она што е уште почуствително е неговата порака со фотката. „Ништо освен љубов помеѓу нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот