Маричиќ за Мерко: Секој сигнал од стратешкиот партнер треба сериозно да се земе

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски интеграции/Фото: МИА

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ изјави дека секој сигнал од стратешкиот партнер САД треба сериозно да  се земе, а институциите да се познимаваат со наводите на Стејт департментот кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го стави на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.

„Треба сериозно да го разгледаме тоа, нашите институции да се позинимаваат со тоа и секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема. Околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже политичката партија на која и припаѓа Мерко и надлежните институции. Принципиелно треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер “, рече Маричиќ.

Министерот за финансии и сопартиец на Мерко, Фатмир Бесими одби да коментира за струшкиот градоначалник и информира дека ДУИ денеска ќе излезе со став.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот