Маричиќ: Неразбирливо е зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени

Вицепремиерот Бојан Маричиќ реагира дека е неразбирливо е зошто за ВМРО-ДПМНЕ е проблем, Бугарите да бидат внесени во Уставот, бидејќи ако оваа шанса се испушти, тогаш ќе се изгубат дополнителни години, а државата можеби и ќе заостанува зад други држави кои дури сега го почнуваат процесот на евроинтеграции.

Според Маричиќ, ЕУ не била секогаш праведна со Македонија и тоа било факт, но, Македонија терајќи ги правдините во минатото, многу често ги пропуштала моментите да ги зграби шансите за влез во ЕУ.

„Јас не можам да разберам, ни ВМРО – ДПМНЕ не знае да објасни зошто е проблем да влезат Бугарите во уставот? Што тоа ќе направи негативно кон нас? Зошто е проблем францускиот предлог кој ни го гарантира македонскиот јазик? Зошто е проблем да ние продолжиме понатаму и да наместо тоа да преговараме пак уште 10 години со Бугарија? Јас мислам дека ќе биде допрва жално кога за 6-7 години ќе ги видиме на бината за нови членки Украина, Молдавија, Црна Гора, Албанија а ние ќе им апалудираме како вечна кандидатка и ќе велиме „ќе чекаме подобри времиња“, „ќе чекаме Бугарија да се вразуми“ и да имплементира дел од пресудите во Стразбур, за да ние направиме нешто што веќе сме го направиме за 7 или 10 други заедници“ вели Маричиќ во интервју за „Реално“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот