Маневрите на НАТО на руската граница ја вознемирија Москва

Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, денеска се сретна со францускиот колега, генералот Франсоа Лекоант, кому му ја пренесе загриженоста на Москва за активностите на НАТО во непосредна близина на руските граници.

Американските медиуми пренесуваат дека генералот Герасимов предупредил дека во Москва се зголемува загриженоста заради движењето на трупите на западната воена алијанса и заради маневрите што симулираат анти-руско сценарио и увежбување офанзивни операции.

Герасимов, истовремено, пофално се  изразил за соработката со француската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот