Манчестер сити се предомисли, се откажува од Меси?

epa08799509 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between FC Barcelona and FC Dinamo Kyiv at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 04 November 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Англискиот тим уште од изминатото лето важеше за главен фаворит за потписот со Лионел Меси доколку одлучи да си замине од „Камп Ноу“.

Аргентинецот се наоѓа во последната година од договорот и можно е да одлучи да ја реализира летната желба и да си замине од Барселона, но најверојатно негова следна дестинација нема да биде Манчестер сити.

Меси од јануари ќе има право да преговара со заинтересираните екипи, а медиумите во Шпанија и Англија шпекулираа дека „граѓаните“ ќе тргнат во зимска офанзива во Аргентинецот. Но, последните вести велат дека Манчестер сити планира да се повлече од трката по неговиот потпис.

– Имам информација од личност со голем авторитет, некој кој добро ги знае состојбите и тврди дека Манчестер сити нема ни да се обиде да направи трансфер на Меси. Според информациите кои ги имам, вратата на Сити за Меси од денеска е затворена и тоа поради две причини, годините и финансиите.
Меси се приближува кон годините кога неговите игри ќе одат во надолна линија, тој повеќе не е оној играч што доминираше во Барселона и на фудбалските терени. Поради тоа во Сити размислуваат дека не е многу паметно да се донесе фудбалер со астрономска плата. Меси заработува околу 100 милиони евра бруто и таа сума е огромна за речиси сите екипи – вели Семра Хунтер, шпански фудбалски експерт.

Доколку навистина Манчестер сити се откаже од трансфер на Меси, за Аргентинецот остануваат две опции, едната е да почека до претседателските избори во Барселона (24. јануари 2021 година) и да потпише нов договор или да се пресели во Серија А, поточно во Интер кој беше сериозно загреан за него за време на летниот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот