Манчестер јунајтед треба да продаде повеќе од 12 милиони дресови на Роналдо

Роналдо се враќа на „Олд трафорд“ по пауза од 12 години/ фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Враќањето на Кристијано Роналдо во екипата на Манчестер јунајтед предизвика вистински хаос меѓу навивачите на овој клуб.

Легендарниот Португалец уште еднаш ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“, а тој ќе се врати во клубот по 12 години во кои играше за Реал Мадрид и Јувентус.

Роналдо воедно ќе ја носи и легендарната „седумка“ на својот грб. Јунајтед се потруди да добие дозвола од Премиер лигата, за играчот да го носи неговиот славен број, а навивачите веднаш истрчаа да го купат новиот дрес.

Дресот во фан-шопот на Јунајтед чини 60 фунти, но само мал процент од продажбата на дресови оди во благајните на клубот од „Театарот на соништата“.

Јунајтед има седум проценти продажба на дресови според договорот со „Адидас“, што значи дека клубот добива 4,20 фунти за дрес од 60 фунти.

Трансферот на Роналдо во Јунајтед ќе чини минимум 12 милиони фунти, неговата плата е 20 милиони фунти по сезона и затоа комплетните трошоци се нешто повеќе од 50 милиони фунти.

Ова значи дека Јунајтед ќе мора да продаде нешто повеќе од 12 милиони дресови за да го исплати трансферот на Роналдо, но нема сомневање дека неговиот ангажман ќе се исплати во следните две години.

ВИДЕО: Роналдо со тупаница го удри противничкиот играч, скандал од светски размери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот