Манчестер јунајтед не се откажува од ЛШ (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш ќе потпише нов петгодишен договор со Јунајтед/ фото: EPA-EFE/Andy Rain

„Црвените ѓаволи“ во продолжение од сезоната по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот играат во неверојатна форма и сега четвртото место на табелата кое носи во Лигата на шампионите е повеќе од реално.

Манчестер јунајтед со триумфот од 0:3 над Брајтон дојде до втората победа во третиот натпревар и дојде на само два бода негатива во однос на Челси кој пак има натпревар помалку на шест кола до крајот, додека третопласираниот Лестер има три бода повеќе и натпревар помалку.


Мејсон Гринвуд со 16. минута со одличниот гол го отвори резултатот, а во првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Бруно Фернандеш. Португалецот по постигна и третиот гол за Јунајтед кој во наредниот натпревар ќе има одлична можност да впише нови три бода бидејќи на „Олд трафорд“ игра против Борнмут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот