Манчестер јунајтед ја активира клаузулата на Погба!?

фото: твитер

Пол Погба ја преиспитува својата одлука летово да го напушти „Олд Трафорд” и дури е подготвен да остане верен на екипата.

Првите луѓе Манчестер Јунајтед ќе се обидат да биде продолжен договорот на францускиот играч што е можно поскоро, се зборовите на Николо Шира на „Твитер“.

Раководството на „црвените ѓаволи” веќе го контактирале агентот на играчот од средниот ред, Мино Рајола.

Пол Погба ја преиспитува својата одлука летово да го напушти „Олд Трафорд” и дури е подготвен да остане верен на екипата.

Французинот е импресиониран од играта на Бруно Фернандеш и смета дека може да создаде одлична врска на теренот со португалскиот фудбалер.

Светскиот шампион има одиграно само осум натпревари оваа сезона и воедно се опоравува од повреда на глуждот. Тој не е на теренот за „црвените ѓаволи” од крајот на минатата година.

Во исто време, договорот на Погба со Јунајтед е до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за уште една година, која Јунајте планира да ја активира.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе ги продолжат своите тренинзи во клупската база Карингтон, иако првенството во Премиер Лигата е прекинато и многу клубови им наредија на своите играчи да се држат настрана од тренинг-терените, како мерка за претпазливост, поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот