Манчестер јунајтед и Интер во преговори за Ешли Јанг!?

фото: твитер

Договорот на дефанзивецот со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од договорот, сега може да преговара со клубови надвор од Англија.

Како што пренесува „Би-Би-Си“ (BBC), досегашниот капитен на Манчестер јунајтед Ешли Јанг би можел да ја продолжи својата кариера во редовите на Интер.

Сеуште нема никаква официјална информација дали ќе му биде дозволено на Јанг да го напушти „Олд Трафорд“ во текот на зимскиот преоден рок овој месец.

Се очекува повеќе детали околу иднината на 34-годишниот дефанзивец да има во наредните 24 часа.

Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната, сега може да преговара со клубови надвор од Англија.

Јанг не беше во составот на Јунајтед во поразот од Манчестер сити во рамките од Лига купот (3:1).

После тој меч менаџерот на Јунајтед Оле Гунар Солсјкер дека сега не е прав момент да се разговара за иднината на Јанг.

– Не смееме да се покажуваме како слаби, мораме да бидеме силни, доколку евентуално се случат промени – се зборовите на Солскјер.

Јанг дојде во Јунајтед од Астон Вила во 2011 година, освојувач на Премиер лигата, ФА купот и Лига купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот