„Граѓаните“ со една нога во финалето на Лига купот

twitter/Colossus Bets

Во првиот полуфинален натпревар од Лига купот, кој сега е попознат како Карабао куп, Манчестер сити со 3:1 го совлада градскиот ривал.

Манчестер сити му се одмазди на Манчестер јунајтед за поразот во Премиер лигата, триумфирајќи во првиот полуфинален дуел од Лига купот со 1:3. Со оваа победа, „граѓаните“ со едната нога се во финалето, бидејќи реваншот кој е закажан за 29 јануари ќе го играат пред своите гледачи.

„Граѓаните“ сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме кога поведоа со 0:3. Во 17. минута Бернардо Силва го отвори резултатот, Ријад Марез во 33. минута ја дуплира предноста, а во 39. минута Переира си постигна автогол.

Почесниот гол за Јунајтед го постигна Маркус Рашфорд во 70. минута.
Првиот натпревар од второто полуфинале помеѓу Лестер и Астон Вила се игра утревечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот