Малолетник прегазен во скопско Aрачиново

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во село Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот