Малдини: Доколку имаме шанси, Милан ќе се засили во јануари!

twitter/TeamMilanAC

Малку кој очекуваше дека после пет кола Милан ќе биде лидер во Серија А и тоа со два загубени бода.

Иако не беа потрошени многу пати во текот на летниот преоден рок, директорот и легендата на клубот, Паоло Малдини има добри вести за навивачите.

– Стабилноста ни дозволи да ја започнеме сезоната на овој начин. Доколку имаме шанси да ја засилиме екипата во јануари и бидеме конкурентни, тоа и ќе го направиме. Иако има само 21 година, голманот Џанлуиџи Донарума е еден од столбовите на Милан и ќе се обидеме со сите сили да го задржиме во нашите редови – рече Малдини.

Малдини го убеди Златан да остане во Милан

Четири победи од првите пет натпревари добиваат на тежина кога се знае дека Милан е еден од тимовите со најмногу проблеми поради коронавирусот од почетокот на сезоната.

– Ќе дојдеме до точката кога ќе стекнеме одреден имунитет. Ни беше кажано дека веќе нема да бидеме заразени од вирусот со одредени антитела. Ќе го следиме протоколот и се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната според правилата. Доколку треба ќе играме и со фудбалери кои беа до сега помалку на терените – додаде директорот на клубот од „Сан Сиро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот