Малдини го убеди Златан да остане во Милан

epa08579623 Milan's Zlatan Ibrahimovic (C) shoots on goal during the Italian serie A soccer match AC Milan vs Cagliari Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

„Росоњерите“ се договорија за продолжување на соработката со Швеѓанецот.

Милан и Златан Ибрахимовиќ се договорија, одличниот напаѓач ќе потпише нов договор со „росоњерите“.

Задачата да ја заврши работата ја доби клупската легенда Паоло Малдини и на крајот успеа да ја заврши работата, Ибрахимовиќ ќе потпише двегодишен договор со годишна плата од шест милиони евра, и ќе има дополнителни бонуси кои може да достигнат до еден милион евра.

Првата половина се лесно остварливи бонуси, додека преостанатите 500.000 евра ќе ги заработи доколку со Милан обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Иако на почетокот се мислеше дека лесно ќе дојде до договор, преговорите се оддолжија поради што мораше работите во своите раце мораше да ги преземе Малдини.
Искусниот напаѓач во Милан се врати на почетокот од годинава и на 18 натпревари постигна 10 гола и беше еден од најзаслужните што на крајот „росењерите“ обезбедија пласман во Лигата на Европа.

Ова ќе биде втор мандат на Ибрахимовиќ во Милан, претходно играше во сезоната 2010/11 како позајмен играч од Барселона и на 41 натпревар постигна 21 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот